skip to Main Content

ВИДЕО: Лице на возраст од 101 година остварило над еден милион денари приход

    7
ВИДЕО: Лице на возраст од 101 година остварило над еден милион денари приход

Лице кое се родило во 2013 година е најмладиот милионер во 2019 година и истото остварило доход од закупнина над 1.000.000 денари. Највозрасното лице кое остварило над еден милион денари приход било на возраст од 101 година, додека во групата над 10.000.000 милиони денари највозрасниот има 86 години.

На денешната прес-конференција, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска соопшти дека врз основа на податоците за исплатен доход од страна на исплатувачите и за доходот кој граѓаните ги оствариле од други физички лица и од странство, како и за доходот од вршење самостојна дејност кои се оданочуваат според вистински доход и паушално, за календарската 2019 година, Управата за јавни приходи изготви пополнета Годишна даночна пријава, за 802.235 граѓани, со искажан 311.347.898.662,00 денари годишен бруто доход и 19.890.696.418,00 денари пресметан данок на личен доход.

Лукаревска истакна дека од 1 јануари 2019 година, стапи на сила Законот за данокот на личен доход кој го замени Законот за персонален данок на доход и со кој во 2019 година покрај стапката од 10% беше воведена прогресивна даночна стапка од 18% која се применуваше на износот кој ја надминува годишната даночната основа од 1.080.000 денари за доходот остварен од: работа, самостојно вршење на дејност, авторски права и други стварни права, како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи. Оттаму за 2019 година, 30.036 граѓани се оданочени со примена на прогресивната даночна стапка и за нив е утврден вкупен данок во износ од 6.631.176.822 денари од кој 1.789.823.499,00 е пресметан со примена на стапка од 18%. Во однос на 2018 година, во 2019 година имаме зголемување на вкупниот доход за 1.802.135.011,00 денари, зголемување на данокот за 1.384.748.313,00 денари и зголемување на бројката за 5256 даночни обврзници за кои е изготвена ГДП.

Граѓаните преку своите кориснички профили имаа можност пополнетата Годишна даночна пријава да ја потврдат или да ја коригираат до 31.05.2020. 565.460 ГДП службено беа потврдени од УЈП , со утврден вкупен годишен бруто-доход од 231.141.533.742,00 денари и вкупен износ данок на личен доход од 14.069.767.034,00 денари, граѓаните потврдија 74.034 ГДП со 47.501.169.456,00 денари утврден вкупен годишен бруто-доход и вкупен износ на данок на личен доход од 3.649.716.333,00 денари, а коригирани се 3.597 ГДП за 2019 година, што е помал број во однос на 2018 година кога беа приближно двојно повеќе. Во коригираните пријави искажан е вкупен годишен бруто-доход од 4.521.019.598,00 денари и вкупен износ на данок на личен доход од 466.576.728,00 денари.

Лукаревска кажа дека иако општите бројки се зголемени, на индивидуално ниво износот на доход кај највисоко рангираните граѓани, не ги достигнаа износите на доход остварен во 2018 година која беше рекордна во однос на последниве 10 години.

-За 35.363 граѓани утврден е бруто-доход над 1 милион денари, додека најголемиот број на граѓани (638.210 лица) оствариле бруто-доход кои се движи во прагот од 100 илјади до 1 милион денари. Во однос на 2018 година имаме намалувања во врвните прагови, кога имавме дури 31 граѓанин кои оствариле над 100 милиони денари и двојно повеќе во прагот од 10 до 100 милиони денари. Скопјани доминираат во листата на граѓани со највисок доход, но првото место за 2019 година за остварен највисок годишен бруто – доход во Република Северна Македонија припадна на граѓанин на Битола, кој пријавил 211.360.619,00 денари годишен бруто – доход. Жителка на Скопје е втора на листата со остварен годишен бруто-доход од 172.166.358,00 денари. Во споредба со 2018 година, кога највисокиот остварен доход беше 1.056.992.055 денари, има значајно намалување, така што прворангираниот во 2019 година, кога би се нашол на таа листа, би бил 9-то рангиран- рече Лукаревска

Највисоката годишна бруто плата во 2019 година исплатена е на граѓанин од Струга. Платата е остварена во индустријата со метали и изнесува 114.854.796,00 денари. На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, образование, комбинирани канцелариски и административни услужни дејности и производство на горна облека.

Највисокото лично примање по друг основ изнесува 48.511.454,00 денари на годишно ниво за повремено или привремено извршени услуги кон градежна компанија.

Највисоката капитална добивка 88.352.113 денари остварена е од граѓанин на Скопје од продажба на сопственички удел од странска компанија, додека највисоката исплатена дивиденда е во износ од 210.411.765,00 денари и исплатена е на граѓанин на Битола кој е сопственик на бизнис кој припаѓа на дејностите во градежништвото.

Скопјани доминираат на листата со доход од самостојното вршење на дејност, од кој највисокиот изнесува 44.065.522,00 денари. Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители и угостители.

Граѓанин од скопско остварил доход од продажба на сопствени земјоделски производи во износ од 32.345.815,00 денари, а Гевгеличанец остварил 11.694.817 денари доход по овој основ. Во 2019 година прворангираниот според вкупно остварен бруто доход од закуп и подзакуп на имот (издавање на земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид на имот) е обврзник од Тетово, кој пријавил 84.039.667 милиони денари.

Прворангиран според остварен вкупно бруто доход од авторски права и други стварни права е обврзник од Скопје, со 22.612.966 денари, додека Кумановец остварил бруто доход од 4.161.850 денари од права од индустриска сопственост.

Највисоката добивка од лото, обложување, казино и учество во наградни игри, односно пријавен вкупен бруто доход од игри на среќа е жителка на Скопје кој само по овој основ остварила 29.293.930,00 денари.

Прворангираниот пензионер е од Штип чија бруто пензија изнесува 8.064.865,00 денари. Прворангираниот осигуреник по основ на уплатени премии и исплатена осигурена сума остварил доход од 7.835.927 денари

Во категорија друг доход вклучува доход од различни извори како што е доходот кој не е конкретно опишан во законот за данокот на личен доход и не е изземен од оданочување, доходот остварен од продажба на корисен цврст отпад, доходот остварен со електронска трговија преку интернет, доходот од маркетиншки интернет услуги, износот на неискористената финансиска помош, износот на неискористените донирани финансиски, како и кусоци кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице.

Во оваа категорија прворангираниот е од Скопје со износ 167.595.958,00 денари и овој доход преставува кусок кој не е предизвикан од вонредни настани и кој не е на трошок на платата на одговорното лице Второрангиран е граѓанин од Тетово кој доброволно го пријавил својот доход во износ од 138.938.218,00 денари кој е исплатен од компании кои работат со мрежни социјални и видео платформи. Највозрасното лице кое остварило над еден милион денари приход било на возраст од 101 година, додека во групата над 10.000.000 милиони денари највозрасниот има 86 години. Лице кое се родило во 2013 година е најмладиот милионер во 2019 година и истото остварило доход од закупнина над 1.000.000 денари.

7

ТАГОВИ: лукаревска УЈП

Back To Top