skip to Main Content

Усвоени измените во Законот за стечајни работници

    2
Усвоени измените во Законот за стечајни работници

Владата го донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за стечајните работници, односно за материјално обезбедување на невработените лица, поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложен од Министерството за труд и социјална политика.

Со него се уредуваат условите за стекнување и начинот на користење на право на материјално обезбедување, во вид на паричен надоместок кои ќе го добијат стечајците, а кои останале без работа по основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни 2017 година. Со законот, кој што беше донесен во септември 2017 година, досега се изнадени решенија на 2732 стечајни работници. Со новите измени ќе бидат опфатени дополнителни 1900 лица.

Оваа категорија граѓани се опфатени со новите измени во поголем обем, со цел да се постигне конечно решение на овој децениски проблем во земјава.

Истовремено, поголема флексибилност е дадена со условот за потребната возраст која треба да ја исполнува невработеното лице (најмалку 52 години за жени, односно 55 години за мажи), со тоа што истата сега се исполнува не од моментот на стапување во сила на постојаниот закон, туку во моментот на поднесување на барањето за оставарување на правото за материјално обезбедување.

2

ТАГОВИ: закон стечајни работници

Back To Top