skip to Main Content

Уставен суд на седница разгледува четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста

    3
Уставен суд на седница разгледува четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста

На денешната седница на Уставен суд ќе се разгледуваат иницијативи за оценување на уставноста и законитоста.

Иницијативата која се однесува на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е поднесена од Снежана Цветаноска од Битола. Во иницијативата се предлага оспорените одредби да бидат укинати поради тоа што вработените во автошколите како што биле возач-инструктор, предавач во испитните центри, испитувач во практичниот дел, испитувач по теоретски дел и контролор им биле ускратени – повредени правата коишто ги имале согласно член 8 став 1 алинеи 1, 3 ,6, 7 и 11, член 30, член 32, член 50 став 1 и став 2, член 51, член 52 став 4, член 54 став 1, член 55 став 1 и став 2, член 58 и член 110 од Уставот заедно со Амандманите од I до XXXI на Уставот. во иницијативата се наведува дека на овие вработени лица во автошколите им биле ускратени правата со ограничување на важноста на лиценците коишто ги поседувале со важност од 5 години и на секои пет години требало повторно да полагаат испит за да ги задржат истите лиценци и на тој начин им било ускратено веќе еднаш стекнатото право кое им било загарантирано со Уставот.

Втората иницијатива се однесува на Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија. Подносители се Сојуз на синдикатите на Македонија – ССМ претставуван од претседателот Дарко Димовски и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија претставуван од претседателот Иван Пешевски, и Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ Штип, претставувано од претседателот на здужението Кристина Ампева. Во оспорениот член 12 се предвидувало дека стратешкиот парнер имал целосно право да го организира и распоредува работното време на работниците кои ќе биле ангажирани на проектот со можност работното време за секој поединечен работник во просек да траел 60 часа неделно во текот на годината. Одредбата се коси со уставните и законските норми што го уредуваат правото на неделен одмор на работниците, наведува подносителот.

Третата иницијатива се однесува на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена, донесена од Владата на Република Северна Македонија, поднесена од Ивана Минова од Велес. Според иницијативата, со присилното наложување на носење маски Владата го повредувала член 11 став 1 од Уставот, според кој физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени и се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување. Поради фактот што носењето на маска го ограничувала правото на неограничена количина на воздух за дишење, задолжувањето на Владата за носење ковид маска под закана за парично казнување, претставувало повреда и на член 12 ставови 1 и 2 од Уставот, според кој слободата на човекот е неприкосновена, никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон.

Четвртата иницијатива се однесува на Законот за нотаријат, а подносител е Здружение за заштита од дискриминација – Виница. Според нив, одредбата била противуставна затоа што на законските наследници им го ограничувала правото слободно да располагаат со своето право – самите да одлучат дали при расправање на оставината во која граѓанинот како учесник во постапката имал потреба од адвокат како полномошник или воопшто не му било потребно. Според подносителот, законодавецот со ваквата одредба пропишувал задолжително присуство на адвокат, која облигаторна одредба претставувала директна дискриминација на законски наследник, имајќи предвид дека некои од законските наследници не се прифаќале за наследници на делот од оставината, а морале да имаат адвокат

3

ТАГОВИ: иницијативи легислатива Уставен суд

Back To Top