„Траекторија“ на СЈО продолжува во Кривичен суд

Судењето за постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид „Траекторија“ на СЈО, кај јавноста познат под кодното име „Траекторија“, е закажано за денес во Основниот суд Скопје 1 Скопје.
Во овој предмет обвинети се поранешниот премиер Никола Груеваки на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.
Обвинетите го оштетиле буџетот на Република Македонија за најмалку 155 милиони евра.
Случајот го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од СЈО.
4
ТАГОВИ: СЈО Траекторија