skip to Main Content

Тевдовски: Праведниот данок ја намалува доходовната нееднаквост и го поттикнува економскиот развој

    1
Тевдовски: Праведниот данок ја намалува доходовната нееднаквост и го поттикнува економскиот развој

Министерот за финансии Драган Тевдовски присуствува на конференцијата: „Даноци, правда и економски развој“, што се одржува во Ереван, Ерменија, а е организирана од германската фондација „Фридрих Еберт“. Тој во своето излагање ги презентираше македонските искуства за реформирање на даночниот систем, со цел намалување на доходовната нееднаквост и забрзување на економскиот развој.

Министерот Тевдовски е поканет како говорник на конференцијата заради визијата за поправедно општество и кредибилното водење на јавните финансии.

-Само преку создавање на кредибилни институции и одговорно управување со истите можеме да одиме напред. Владата уште од почетокот е посветена на креирање на подобро општество за сите. Целите се подобар животен стандард за граѓаните, напредок на земјата и развој на економијата. Во делот на даноците сме посветени на креирање на праведен даночен систем – изјави министерот Тевдовски.

Тевдовски во својата презентација ги објасни и причините поради кои Владата одлучи кај нас да воведе праведен, прогресивен данок почнувајќи од годинава.

Министерот за финансии во своето обраќање направи споредба помеѓу прогресивните и рамните даноци. Зборуваше за нивните ефекти врз доходовната нееднаквост, јавниот долг и економскиот раст.

1

ТАГОВИ: данок Тевдовски

Back To Top