Спасени две лица на Шар Планина

Во Секторот за внатрешни работи Тетово вчера околу 21 и 15 минути било пријавено дека Е.Х.(31) и неговиот брат С.Х.(25), двајцата од Скопје, кои околу 14 часот со мотоцикли се упатиле кон Титов врв на Шар планина и планирале да стигнат во Стрезимир, заталкале во планината, а им се случил и дефект, информира МВР.
-На Е.Х. му се влошила и здравствената состојба, па неопходна му била лекарска помош. Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача и од Секторот за внатрешни работи Тетово, поделени во неколку групи, започнале со пребарување на теренот, а околу 1 часот тие биле пронајдени на потегот помеѓу Титов врв и Враца рид, над Боговиско езеро, по што за кусо време биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош и потоа заминале во своите домови- соопштуваат од МВР.
3