Со новото законско решение, растот на пензиите ќе го следи покачувањето на минималната и на просечната плата

Министерката лично ги информираше пензионерите за претстојното покачување на пензиите во јануари 2020 година кое ќе изнесува од 860 до 900 денари со пресметаните дополнителни усогласувања.
Зголемувањето на пензиите во јануари 2020 година, социјалната пензија и други актуелни прашања беа тема на вчерашната средба на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со пензионерите во Куманово.
-Ова е најголемо покачување во последните 12 години. Покачувањето од 700 денари ќе влезе во основица и истото дополнително ќе се усогласи во текот на 2020 со трошоците на живот. Со новото законско решение конкретно, растот на пензиите ќе го следи покачувањето на минималната и на просечната плата во државата. Покачувањето се прави плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и кога имаме раст на економијата во државата. Системското решение предвидува дополниетлно зголемување на пензиите освен според растот на БДП, да може да се зголемуваат и според растот на платите. Во години на раст на минимална плата над 15 отсто, и на раст на просечна плата за 5 отсто, ќе има можност за покачување и на пензиите за 5 отсто- рече Царовска на средбата во Куманово.
Илија Ивановски заменик директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување истакна дека пензиите се покачуваат во време кога дефицитот на Фондот за ПИО е намален за 10 отсто, а приходите се зголемуваат. Речиси 44 отсто од пензионерите во државата земаат пензија под 12.000 денари. Дополнителните 700 денари ќе значат најмногу токму за овие наши сограѓани. Секој заслужува достоинствен живот.
На средбата во Куманово присуствуваше и претседателката на Сојузот на здрженија на пензионери Станка Трајкова и претседателот на кумановското здружение на пензионери, Благоја Јакимовски.
4ТАГОВИ: законско решение минимална плата пензии