skip to Main Content

Собраниската Комисија ќе расправа за одземање на мандатот на Груевски

    3
Собраниската Комисија ќе расправа за одземање на мандатот на Груевски

Седницата на собраниската Комисија за деловнички и мандантно-имунитетни прашања на која ќе се разгледува Предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски ќе се одржи денеска во 12 часот.

На својата веб страна стои дека Собранието за 6 ноември ја закажал оваа седница со единствена точка на дневниот ред – Предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски врз основа на добиено известување од Основниот суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција за пресуда КОК бр.59/17 од 23.05.2018 година со која пратеникот е осуден на казна затвор во траење од две години.

Од Кривичниот суд вчера соопштија дека судија за извршување на санкции ја одбил молбата на Груевски за одлагање на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на СЈО.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ најдоцна до 8 ноември треба да се јави на издржување на двегодишната казна затвор.

3

ТАГОВИ: груевски

Back To Top