skip to Main Content

Секоја сериозна партија со европска ориентација би ја ставила европската иднина на својата држава пред личните интереси и барања за амнестија

    5
Секоја сериозна партија со европска ориентација би ја ставила европската иднина на својата држава пред личните интереси и барања за амнестија

Во Законот за Јавното обвинителство кој го испрати Министерството за правда во собраниска процедура се имплементирани сите меѓународни принципи.

Министерството за правда тоа го укажа на средбите со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, но и го презентираше пред јавноста.

-Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ уште на првата средба искажа несогласување со одредени одредби од законот и презеде обврска да достави амандмани. Јавноста е веќе информирана дека, наместо амандмани, од ВМРО-ДПМНЕ добивме есеистички текст во кои беа наброени меѓународни документи- наведуваат во соопштение од Министерството за правда.

Министерството за правда,  потсети и на неисполнетата преземена обврска од страна на ВМРО-ДПМНЕ за доставување на амандманите.

Оттаму повторно потсетуваат на неисполнетата обврска од страна на ВМРО-ДПМНЕ и го поставуваат прашањето за причините за тоа: Дали ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлечува оваа обврска за да не го стави на хартија барањето за амнестија на случаите кои ги води Специјалното јавно обвинителство? Дали ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекува оваа обврска за да не ја стави на хартија својата желба за неказнивост на случаите на корупција и криминал од поранешната власт?

-Во оваа прилика, повторуваме дека донесувањето на Законот за јавно обвинителство е клучно за отворање преговори за Европската Унија. Секоја сериозна партија со европска ориентација би ја ставила европската иднина на својата држава пред личните интереси и барања за амнестија на своите високи партиски функционери опфатени во истрагите на СЈО. ВМРО-ДПМНЕ треба да го направи својот избор- наведуваат во соопштението од миистерството.

5

ТАГОВИ: Министерство за правда СЈО

Back To Top