skip to Main Content

Расветлени пет кривични дела извршени на подрачјето на Штип

    3
Расветлени пет кривични дела извршени на подрачјето на Штип

СВР Штип расветли пет кривични дела извршени во периодот од 15.01.-19.01.2019 година на подрачјето на Полициска станица Штип од кои три „тешка кражба на дрзок начин“, „разбојничка кражба“ и „тешка кражба“, за кои осомничени сторители се Б.Ј.(21), О.М.(31), А.М.(22), С.Д.(27), Е.М.(26) и тројца 16 годишни лица.

-Осомничените од оштетените граѓани одзеле, мобилни телефони, ташна и паричник стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 50.000 денари. Од страна на полициски службеници украдените предмети се одземени од сторителите и вратени на оштетените граѓани- се наведува од соопштението на МВР.

По целосно документирање ќе бидат поднесени кривични пријави против сторителите.

3

ТАГОВИ: тешки кражби Штип

Back To Top