skip to Main Content

Промоција на отворената царинска линија за пријавување на корупција

    4
Промоција на отворената царинска линија за пријавување на корупција

Во насока на промоција на отворената царинска линија за пријавување на корупција и Планот за борба против корупција, денеска заменикот на Претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на граничниот премин Деве Баир, одржа работна средба со директорот на Царинската управа Горан Сугарески.

Вицепремиерот Николовски посочи дека борбата со корупцијата и криминалот подразбира активна вклученост и соработка од сите надлежни антикорупциски институции, а Царинската управа е една од институциите којашто успешно работи на превенција од корупција и криминал,  преку автоматизација и дигитализација  на процесите и намалување на личниот контакт помеѓу царинските службеници и граѓаните. Од особена важност е и бесплатна царинска линија 197, којашто е отворена за пријавување на корупција, судир на интереси и злоупотреба на службени овластувања.

Директорот Сугарески потврди дека за ОТКРИВАЊЕ и КАЗНУВАЊЕ, Царинската управа континуирано собира и информации од учесниците во царинските потапки со давање на гаранција на анонимност, преку оваа  отворената бесплатна царинска линија 197, која се одвива преку криптирана апликација пришто е невозможно да се избришат или променат записите во неа.

4

ТАГОВИ: Царина Царинска управа

Back To Top