Продолжува судењето за „27 април“

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска треба да продолжи судењето за настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, против осумнаесетмината неамнестирани од првично 33 обвинети.
На обвинителна клупа остануваат петмината кои не побараа амнестија: екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот во МВР за специјални операции Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.
На денешното рочиште ќе се изнесуваат завршни зборови, а обвинителката Вилма Рускоска треба да изврши промена на обвинителниот акт согласно Законот за амнестија со кој беа помилиувани 15 обвиниети.
3
ТАГОВИ: 27 април 2017 Кривичен суд