skip to Main Content

Приведен разбојник од Штип

    2
Приведен разбојник од Штип

По преземени мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.А.(18) од Штип поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ и кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на 16.09.2021 на подрачјето на Штип, каде со употреба на физичка сила од две возрасни жени одзел златeн накит.

-Од извршениот преглед кај Е.А. биле пронајдени и одземени парични средства со кои се стекнал од продажбата на украдените златни предмети. Запознаен е Јавен обвинител и по целосно комплетирање на службениот материјал против него ќе бидат поднесени соодветни пријави- наведуваат од МВР.

2

ТАГОВИ: разбојништво Штип

Back To Top