skip to Main Content

Приведени неколку лица во Скопје, користеле малолетни деца за питачење

    2
Приведени неколку лица во Скопје, користеле малолетни деца за питачење

Во текот на изминатата недела Одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје,  преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“.

Лишени од слобода биле Џ.Ш.(20), С.Р.(20), Е.М.(32) и Ф.С.(20), сите од Скопје, и М.А.(46) од Охрид. Џ.Ш., С.Р., Е.М. и М.А. биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на крстосници и булевари на подрачјето на Скопје, со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик. Ф.С. била затекната при питачење на крстосница од булеварите „Словенија“ и „Јадранска магистрала“, поради што била приведена и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

2

ТАГОВИ: актуелно малолетници питачење

Back To Top