skip to Main Content

Поднесено обвинение за лицето кое ја ограби својата баба

    3
Поднесено обвинение за лицето кое ја ограби својата баба

Основното јавно обвинителство во Велес по сеопфатна постапка до Основниот суд Велес поднесе Обвинителен акт против  едно лице на возраст од 23 години за кривично дело – Разбојничка кражба од чл.238 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, кој е внук на оштетената, на  09.11.2018 година околу 07.30 часот, заедно со уште едно лице – дете влегле во куќата на  бабата на обвинетиот.

-Знаејќи каде оштетената ги чува парите, обвинетиот одзел една најлон кеса во која имало пари во износ од 62.000,00 денари во различни апоени, 140 евра и разни документи. За тоа време детето кое било со обвинетиот стоело покрај бабата на обвинетиот, внимавајќи таа да не зебележи што се случува.  Но, откако оштетената ја видела кражбата и почнала да вика,  детето почнало да ја удирa- наведуваат во соопштението од ОЈО Скопје.

По стореното кривично дело, двајцата излегле од куќата по што одземените пари ги поделиле меѓусебно.

3

ТАГОВИ: грабеж пари

Back To Top