skip to Main Content

Повик за аплицирање од Министерството за правда

    4
Повик за аплицирање од Министерството за правда

Министерството за правда објави Повик за аплицирање за наградата „Кристална вага на правдата” – награда на Советот на Европа за иновативни практики за ефикасност и квалитет на правдата.

Целта на наградата “Кристална вага на правдата”, која годинава се доделува по десетти пат,  е да ги идентификува и промовира иновативните практики кои се однесуваат на спроведувањето на постапките, судската организација и функционирањето на судскиот систем во целина, информираат од Министерството за правда.

За да бидат земени во предвид, велат оттаму, практиките кои ќе бидат номинирани мора да се скоро имплементирани и да бидат лесноприменливи во други држави и правосудни системи. Исто така, нивната ефикасност мора да биде мерлива.

За наградата за 2019 година може да се пријават судовите, адвокатските комори, невладините организации и други тела кои работат во областа на правосудството во државите членки на Советот на Европа или државите набљудувачи на СЕРЕЈ.

Од министерството информираат, дека апликациите мора да ги задоволат потребните критериуми наведени во правилата за доделување на наградата и треба да бидат доставени до Советот на Европа (најсоодветно во електронска форма) најдоцна до 31 март 2019 година.

Правилата за доделување на наградата и формуларот за апликација се достапни на следниот линк

https://www.coe.int/en/web/cepej/events/crystal-scales-of-justice-prize

Контакт: cepej@coe.int

4

ТАГОВИ: аплицирање награда право

Back To Top