skip to Main Content

Патните исправи на нашите држaвјани во странство ќе важат до крајот на годинава

    8
Патните исправи на нашите држaвјани во странство ќе важат до крајот на годинава

Пасошите на нашите државјани кои живеат во странство, а кои им истекуваат по 31 јули, ќе важат до 31 декември 2021 година, информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој соопшти дека Собранието ги изгласало измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Македонија.

Според тоа, како што потенцира Османи, на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или им истекува после 31-ви јули, им се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември.

-Со тоа конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи, напиша Османи на Фејсбук.

8

ТАГОВИ: Бујар Османи пасоши

Back To Top