skip to Main Content

Парични казни за петмина, се шетале за време на полициски час

    2
Парични казни за петмина, се шетале за време на полициски час

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот зкаоник.

-Обвинетите, во различни кривично-правни настани, не ја почитувале забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. За време на важечкиот полициски час биле затекнати надвор од нивните домови со што го сториле наведеното кривично дело- велат од ОЈО Скопје.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

2

ТАГОВИ: ОЈО полициски час

Back To Top