skip to Main Content

Одобрен обвинителниот акт за предметот на СЈО „Талир 2“

    3
Одобрен обвинителниот акт за предметот на СЈО „Талир 2“

Кривичниот суд денеска на јавна седница го одобри обвиненителниот акт за случајот „Талир 2“ кој се однесува на незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и го доставила до странките. Откако по оценетиот обвинителен акт ќе биде формиран предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување ќе биде закажан и термин за главна расправа, соопштија од Судот.

– Советот за оценка на обвинителен акт кој постапува по предметот „Талир 2“, на 10 и 11. 07. 2019 година одржа јавна седница во присуство на странките. По ценење на фактите и доказите изведени на седницата за оценка на обвинителниот акт советот донесе решение со кое актот го одобри во целост, писмено го изработи и го експедира до странките- наведуваат во сооштението од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Во случајот „Талир 2“ обвинети се Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои, според СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Пред судот веќе се води постапка за предметот „Талир“ за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите во „Талир“ незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

3

ТАГОВИ: „Талир 2“ ВМРО-ДПМНЕ

Back To Top