skip to Main Content

Одложено рочиштето за „Тотал“ на СЈО

    8
Одложено рочиштето за „Тотал“ на СЈО

Поради спреченост на претседателот на судечкиот совет, одложено е денешното рочиште за предметот „Тотал“. Новото судско рочиште е закажано за 21 декември во 10 часот.

Истрагата за предметот со кодно име „Тотал“ беше отворена на ден 21.03.2017 година, а на ден 29.06.2017 година е поднесен обвинителен акт против едно лице со иницијали Д.П.Л. за кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 став 2 в.в. со став 1 в.в. со член 45 од Кривичниот законик на Република Македонија, и обвинителен предлог против 3 правни лица за кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На денешното рочиште беше присутен обвинетиот Драган Павловиќ Латас и неговите бранители. Тој во предметот на СЈО „Тотал“ е обвинет за затајување данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

Набавката на опремата за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен.

8

ТАГОВИ: СЈО тотал

Back To Top