skip to Main Content

Обвинителен акт против едно лице кај кое е најдена марихуана

    4
Обвинителен акт против едно лице кај кое е најдена марихуана

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице на 27 годишна возраст од село Селемли, Општина Богданци за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

-По извршен претрес по Наредба на судија на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија, на 23 мај годинава, во домот на бабата на обвинетиот,  во две неупотребливи машини за перење пронајдени се 4 најлонски кеси со наркотична дрога – марихуана. Во дворот на куќата обвинетиот чувал 24 млади исушени растенија од видот канабис сместени во пластични чаши и саксии- се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Обвинителството утврди дека обвинетиот неовластено заради продажба држел дрога марихуана со вкупна тежина од 912,60 грама и 24 млади исушени стебла канабис во висина од 8 см до 24 см, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

4

ТАГОВИ: марихуана обвинителство

Back To Top