skip to Main Content

Мртов маж пронајден во Охрид

    5
Мртов маж пронајден во Охрид

На влезот во објектот на „Македонски Телеком“ во Охрид, синоќа е пронајдено телото на М.С (46), кој бил вработен во агенцијата која го обезбедувала објектот. Телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

-На 09.09.2018 година во 21.34 часот во Полициската станица Охрид, вработен во „Телеком“-Охрид, пријавил дека на влез во објектот на „Македонски Телеком“ на ул.„Партизанска“ бил пронајден починат М.С.(46) од Охрид, вработен во Агенција за обезбедување која била задолжена за обезбедување на објектот, соопшти МВР.

Од страна на доктор од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

5

ТАГОВИ: МВР починат маж

Back To Top