skip to Main Content

„Монструм“ продолжува во Кривичен

    3
„Монструм“ продолжува во Кривичен

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје за денеска со почеток во 10 часот е закажано ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, во јавноста познато под кодното име „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство.

Овој преднем го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

3

ТАГОВИ: „Монструм“

Back To Top