skip to Main Content

Момче и девојка поради недозволена љубов посегнаа по своите животи

    7
Момче и девојка поради недозволена љубов посегнаа по своите животи

Две самоубиства, на момче и девојка кои се случија во рок од 24 часа го потресоа штипско-карбинскиот регион. 25 годишното момче вчера си го одзеде животот на локалитетот „Баргала“, а утринава се самоуби девојката од селото Аргулица на 22 годишна возраст.

Портпаролоката на СВР-Штип, Гордана Панајотова за „360 степени“ вели дека пријавата за самоубиство на девојката ја добиле денеска изутрина. Покрај телото на девојката е пронајдено и проштално писмо.

Телото на момчето, пак, било пронајдено синоќа околу 23 часот во близина на архелошкиот локалитет.

Според неофицијални извори од полицијата двата случаја се поврзани – момчето и девојката биле во љубовна врска.

Според сведочењата на локалните жители, момчето и девојката биле во врска на која се противело едно од семејствата.

7

ТАГОВИ: забранета љубов трагедија

Back To Top