skip to Main Content

МФ: Во Буџетот за 2019 најмногу средства досега за мерки за вработување и стопанството

    5
МФ: Во Буџетот за 2019 најмногу средства досега за мерки за вработување и стопанството

Во Предлог-буџетот за 2019 година досега најмногу средства се предвидени за активни мерки за вработување, издвоени се 1,1 милијарди денари, што е за 10% повеќе во однос на годинава. Ако се направи пак споредба со 2016 година, оваа сума e двапати повисока, или речиси трипати повисока во споредба со 2014 година.

Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на вчерашната јавна презентација на Предлог-Буџетот, спроведувањето  на овие мерки создава услови за подобро функционирање на пазарот на трудот како и нови работни места. Согласно проекциите за идната година, се очекува намалување на невработеноста на околу 20%, како и покачување на номиналната нето-плата за 4,5%.

Исто така, како што посочи министерот за финансии, зголемувањето на конкурентноста на приватниот сектор, останува приоритет на Владата. Затоа во Буџетот за 2019 година предвидени се повеќе средства за поддршка за стопанството. Станува збор за речиси 3 милијарди денари, или 40% повеќе средства во однос на годинава.  Со овие средства ќе се поддржат нови инвестиции, извоз и освојување нови пазари, нови вработувања, поддршка за мали и средни претпријатија, иновативност, технолошки развој и странски инвестиции во технолошко индустриските развојни зони.

-Повратот на ДДВ кон фирмите ќе се одвива навремено и неселективно, како и досега- рече министерот за финансии.

Од министерството велат дека во Буџетот за 2019 се предвидува и силна поддршка за земјоделството. Приоритетни мерки во рамки на Програмата за земјоделството за 2019 година ќе бидат насочени кон поддршка на земјоделските стопанства од 30% при набавка на гориво за земјоделска механизација или зелена нафта. Ваква мерка за прв пат се воведува во Република Македонија, со што се намалуваат трошоците за земјоделците.

Износот на субвенции планиран за 2019 година изнесува вкупно 8,5 милијарди денари, и е за 60 милиони денари повисок од буџетираниот во 2018 година, велат оттаму, но дури за 820 милиони денари или 11% повисок од остварениот во 2017 година.

5

ТАГОВИ: буџет вработувања стопанство

Back To Top