skip to Main Content

Кривични за четрорица крадци од штипско, расчистени пет кривични дела

    19
Кривични за четрорица крадци од штипско, расчистени пет кривични дела

Вчера полициски службеници од СВР Штип по преземени мерки и активности, расчистија пет кривични дела извршени на подрачјето на град Штип и тоа; кривично дело „одземање моторно возило“ за кое се осомничени С.Р.(21) и малолетник, двајцата од Штип, три кривични дела „тешка кражба“ од кафемати за кои е осомничен Д.Г.(38) од с.Василево, струмичко и кривично дело „тешка кражба“ од куќа за кое е осомничен Џ.И.(35) од Штип.

Поголем дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани, а со првите тројцаосомничени бил извршен разговор во полициска станица, при што ги признале делата. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

19

ТАГОВИ: актуелно крадци кривична пријава

Back To Top