skip to Main Content

Кривична за малолетник кој поседувал марихуана

    4
Кривична за малолетник кој поседувал марихуана

Кривична пријава е поднесена против 17- годишник од Скопје, кај кого при претрес е пронајдена марихуана.

МВР во дневниот билтен информира дека СВР Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  17 годишно лице од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ.

При претрес на пријавениот била пронајдена марихуана.

4

ТАГОВИ: малолетник марихуана

Back To Top