Компарација на нотаријатот со европските земји и Република Северна Македонија

Република Северна Македонија е држава која цели и се стреми кон вратите на Европската унија, а за таа цел нужно е да се преземаат крупни реформи во правосудниот систем на Македонија. Вистинско време е да се отвораат значајните клучни прашања кои се дел од правосудниот систем на државата.
Една од тие правосудни професии е нотаријатот, кој го издвојувам како пример и дел од правосудниот систем на РСМ преку компарација со неколку земји членки на ЕУ како Италија, Германија и Велика Британија, без разлика на тоа што веќе не е дел од колачот на земјите-членки во Европската унија.
Во рамките на Европската унија како единствена интеграција на суверени европски земји, како и со појавата на европската правна култура и влијанието на нејзините политики врз правните системи на земјите-членки, таа станува се поосетлива движечка сила за развој на Европските правосудни професии. Тие претставуваат тренд и модернизација на правосудниот систем во современото општество на живеење, поради што се појавува и потребата за дигитализација на професии, кои носат голем број на можности. Дел од нив се однесуваат на економското и социјалното ниво во Европското законодавство, а дел на длабоките промени во општествениот систем со влијанието на нивните сопствени структури и навики.
Како прв пример, ја издвојувам Италија како земја –членка на Европската унија. Нотаријатот односно нотарската професија во оваа држава која што припаѓа на граѓанското право, е независен субјект и дел од функционирањето на правосудниот систем. Нејзината надлежност е многу едноставна, бидејќи има за цел само да ги заштити интересите на странките што се запишуваат на одредени документи што треба да ги завераат кај нотар, чии барања за заверувања се утврдени со закон.
Нотарот во Италија исто така има надлежност да дејствува како агент за задржување и собирање на даноци, што треба да ги плаќаат странките за услуги за заверување утврдени со закон. Но, нема право да работи како правен консултат.
Како втор пример, ја издвојувам Германија, исто така земја членка на Европската унија, каде нотарската пракса е регулирана со федерален нотарски законик.
Платите на нотарите таму се уредени со Закон за такси и се поделени во три вида на категории и тоа:
- Нотар како професија;
- Застапник –Нотар-Адвокат;
- Нотар –државен службеник.
Втората категорија Застапник-Нотар-Адвокат е најзастапена и најприфатена, односно најчеста и доминатна во германскиот правосуден систем.
Како трет пример, ја издвојувам Велика Британија (Обединетото Кралство), иако не е веќе дел од гарнитурата на Европската унија. Нотаријатот во Велика Британија главно се занимава само со подготовка и верификација на документи за употреба во странство.
Во врска со горенавдениот пасус за појавта и потребата на дигитализација на професии во правосудниот систем, ќе ја напоменам Австрија која исто така е дел од Европската унија и како земја –членка, нејзината регулатива утврдува секој нотарски документ или заверка да се направи преку далечинска електронска комуникација со квалификувани електронски потписи- конференција на електронски потписи. Додека пак, во Естонија и Летонија се има донесено закони за одржување на акти за далечински изглед. Не е поразлично и во Франција, каде законодавството предвидува можност страните да се состанат преку т.н. тренд на водење нотарски документи преку видеоконфернција.
Исто така, ќе ги напоменам и Соединетите Американски Држави кои се движечка сила во светот. Нотарот во САД како и Канада има овластувања што се подалеку поограничени од овластувањето на граѓанското законодаство или другите нотарски обичајни закони, иако и двете се квалификувани адвокати. Кога се однесува на САД и Канада, давањето правни совети и подготовката на правни инструменти им е забрането на нотарите.
Како пример дури можам да ја издвојувам и Русија како позната светска движечка сила. Нотаријатот во Руската Федерација бил изложен на драстични промени. Законската регулатива за нотарите радикално ја изменила ситуацијата и дошло до драстични измени во законодавството на Руската Федерација за нотаријатот, кои биле поделени на приватни и јавни нотари.
Но, уште поинтересен е фактот во врска со нотарската работа во Русија за студентите по право, кои имале прилично ограничани можности за кариера, а најмалку привлечна меѓу нив била работата во канцеларијата на нотарите.
Денешната нотарска заедница, односно нотарската работа не треба да се гледа како идеал, иако сè уште не може да се рече дека овој вид работа се претвора во најмалку важна работа. Но, за руските реформи во последните 20 (дваесет) години, трансформацијата “нотар” е навистина “зачудувачка” во правниот систем, додека пак адвокатската професија претставувала како една од најпрестижните правни работи.
Во контекст на горенаведеното го задржувам ставот во врска со Адвокатурата како професија, која претставува темелна вредност на правосудниот систем, односно главно „БИТИЕ” во објективна смисла на зборот и „ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ” на постоењето на правниот систем. Како професија која се појавила, односно почнала да се создава со настанувањето на државата и правото, и има најстаро и повеќедецениско постоење во општественото живеење и уредување на државниот систем. Па, поради тоа, треба да се стави акцент, но и да и се даде поголемо значење на оваа професија која има вековито постоење.
За разлика од неа, нотаријатот, како професија која претставува домен во правосудниот систем на современото општествено живеење во Република Македонија, има ,,тенденциозно значање” и е професија која е последното скалило на правниот систем во државата.
Нотарите преку нивната професија, која има презаситени права и нецелосно функционални надлежности, но и со големи пропусти, ги користат лошите закони за свој бенефит, на кои и се потребни длабоки коренски промени. Бидејќи преставуваат дел од правосудниот систем на РСМ и се значајни за функционирањето на правниот систем во државата.
На крај, заклучокот би го завршила со познатата мисла од Американскиот активист Мартин Лутер Кинг, кој вели: „Секој има морална одговорност да не ги почитува неправедните закони.” Додека пак познатата активистка и политичарка Емелин Панкхруст поучува со изреката: „Тука сме, не поради тоа што кршиме закони, туку поради нашите напори да станеме создавачи на закони.”
НАПОМЕНА: Колумната е напишена согласно чл.16 од Уставот и чл.10 од Европската конвенција за заштита на човековите права со кои се овозможува правото на слобода на изразување, како и правото на јавно изразување.
50ТАГОВИ: нотаријат софија ристова