skip to Main Content

Комисијата го изгласа одземањето на мандатот на Груевски

    3
Комисијата го изгласа одземањето на мандатот на Груевски

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска со мнозинство гласови „за“ го прифати барањето на судот и му препорача на Собранието да му го одземе пратеничкиот мандат на Никола Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

За одземање на мандатот на Груевски гласаа пет од деветте членови на Комисијата. На гласањето не присуствуваа членовите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие дојдоа на Комисијата, но по искажаните забелешки на Трајко Вејланоски дека се води политички, а не правен процес, ја напуштија седницата.

Претседателот на Комисјата Павле Богоевски, истакна дека тој е за одземање на мандатот на Груевски бидејќи делата кои му се ставаат на товар го прават недостоен за вршење на пратеничката функција.

На седницата беше поканет и Груевски, но не присуствуваше бидејќи е на судење за предметот „Титаник“.

3

ТАГОВИ: груевски мандат

Back To Top