skip to Main Content

Именуваните лица ќе можат да одат на службени патувања

    2
Именуваните лица ќе можат да одат на службени патувања

Првиот пакет „олабавувања“ на мерките предвидува и отпочнување со спортски тренинзи на отворено, исклучиво за индивидуални спортови и тенис, како и работата на спортските и другите обложувалници преку шалтер, повторно во согласност со протоколот од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

-Во рамките на овие мерки се дозволува избрани и именувани лица, претставници на институциите на државата, да можат да патуваат во други држави, со запазени мерки на заштита, заради активности поврзани со координација на активности од државен карактер- стои во владиното соопштение.

Согласно епидемиолошката состојба во државата и одлука од Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука да се дозволи отворањето на затворените трговски центри – моловите, со почитување на строги правила и протоколи за нивна работа во услови на спроведување на мерки за превенција за спречување на појава и ширење на КОВИД-19.

 

2

ТАГОВИ: аеродром патување службени патувања

Back To Top