skip to Main Content

Денеска завршни зборови за „Меѓународен сојуз“

    5
Денеска завршни зборови за „Меѓународен сојуз“

Денеска во Основниот Кривичен суд – Скопје е предвидено да дадат завршните зборови странките во кривичниот предмет „Меѓународен сојуз“.

Првообвинет во предметот е Бојан Јовановски-Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари“. Во овој случај обвинети се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски, која се товари за кривично дело „помагање во делото измама“, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) кој се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“ и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ за „помагање во измамата и перењето пари“.

Судењето за овој случај го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Рускоска.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

5

ТАГОВИ: завршни зборови Кривичен суд легислатива меѓународен сојуз

Back To Top