skip to Main Content

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА НА ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ ВО МАКЕДОНИЈА

    5
софче ристова

Образованието преставуваа  главна алка на цивилизацијата, поим со значение на вредност како и висок  степен на општествениот  развој и култура.Но, за жал нашиот македонски образовен систем во деншницата, преставуваа само театрска престава, кои управуваат не квалитетни актери.Всушност образовниот систем моментално ја имаа улогата, на вештачки дигитален апарат, кои имаа експериментален концепт и програма за развој на образовниот процес.Да токму тоа образованието е ,,мртво слово на хартија,, правецот  на квалитетен образовен систем, ја изгубила вистинската насока на движење, но  и значењето на  исконската вредност на постоењето, настанувањето и развивањето на образовниот систем  во државата.

Образованието преставуваа симболика на светската книжевност и вистинска вредност, кои датира традционално децениско постоење.Па поради тоа потребана е целосна трансформација, како и длабински коренски промени на глобално ниво, во нашиот образовен систем кои е од посебен јавен интерес но и општесвен интерес.Како за  основното така и за средното, и високото образование кои преставуваат алки на синџирот на воспитно образовниот процес во државата.За идните генерации кои доправа доаѓаат , како и за они кои се во тек на образовниот циклусен процес да се стекнат со по квалитетно образование, да користат методи кои ќе бидат и квалитетни и пркатични во натамошното нивно контиунирано, усовршување и наградување како индивидуа.

Во последниот временски период доста е актуелна, темата во врска со националната стратегија за дигитилзација на образовниот систем  во основното и средното образование. Да се воведе како нова реформа, за да се развие логичкото размислување на учениците.Па поради тоа се предлга да се спроведе  нов закон за учебници, и други наставни дидактички матријали во основното и средното образование.( кои веќе е во процес на имплементација)А кои ќе  отпочне да се применува од учебната 2021 /2022 година, каде учебникот по секои наставен предемт да биде во дигитална форма, освен за учениците од  прво,второ  и трето одделение  во основното образование по предметите (мајчин јазик,математика, општество, природни науки  и англиски јазик за овие наставни предмети да користат учебници во печатена форма)А учениците од четврто  до девето одделение во основното образование , како и за учениците во сите години на средното образование да користат учебници во дигитална форма , и наставен и дидкатички матријал во електронска  форма.

Не, велам дека тоа не е добро  ,, СВЕТОТО НЕ СТОИ ГО ДВИЖАТ ИНОВАЦИИТЕ за тоа треба да се водиме, кон совремниот начин на живеење и да ги применуваме новите технологии.Но не ја оправдувам  целта за во нашиот образовен систем, да се напрви целосна  дигитилизација на учебниците , така што учениците своето образование да го стекнуваат само преку еден  вид на т.н.дигитилазициона учебна алка која ќе и биде главно средство за учење, тоа преставуваа самоуништување на  ученикот  кои е  штетено за здравјето на ученикот.  Но и губење на вредноста на книгата во печатена форма која има ,, непроценлива вредност,, .Печатената книга не смее да исчезне од образовниот процес , затоа што тоа е не почитување  на човекиот род , а голем  разрод на демократското општество.

Образованието не треба да дозволиме да го користиме за политичка стратешка цел, туку напротив треба да дадеме посебен акцент и важност за унапредување на образовниот процесен систем.Целосна дигитилизација на учебниците е апсурдно неоправдано средство, со овој начин ние само, даваме значање  дека образовниот систем ќе биде не квалитетен за идните генрации, и за сегашните кои се во тековно едуцирање и оспособување за стекнување на соодветно  образование.Учебникот во  печатена форма е дел од научната област, и треба да биде главно средство за секои наставен предмет кои е дел од образовниот процес.Затоа што само на тој начин учениците , ќе имаат можност и навика за учење и само на тој начин  ќе се стекнат со ,, богатинчки речник,, ( стил на изразување и акцент на квалитетно зборување ) бидејќи тоа е поентата на образовниот систем, да имаме квалитетни генерации кои ќе останат во оваа држава и ќе придонесат иновативност за себе и за својата држава.

Почитувана драга министерке за образование и наука сте ,,НАШЛЕ па ЗАШЛЕ ,,  книгата во печатена форма не смее да биде ,, дирната,, во сите земји во светот книгата (учебник)  во печатена форма, постои и е дел во образовниот процесен  развој.Предлогот за нов закон треба да се укине во врска со  дигиталзцијата за учебници, и други наставни дидактички матријали во основното и средното образование кои моментално го спроведувате е не соодветен, не  транспарентен, не ефикасен, не мотивирачки и не продуктивен начин на воведување реформизација во образовниот систем.Тоа не смееме да го дозволиме особено кога станува збор за основното образование, каде  учениците се на почетна прва фаза од своето школско  едуцирање.Како  и за  средното образование кои има големо приоритетно значење за секој ученик.

Голем акцент придавам  исто така и на високото образование, а како главен адут и начинот преку кои се сткнуваме со овој вид образование се  факултетските  програми за студирање, како  од областа на  општесвените науки, така и од областа на  природните науки кои се изучуваат на факултетите.Како и за факултетите  од музичка и ликовна уметност.Унервизитетските студии по драмско актерство, драматургија, театерска режија ,продукција , филмска ТВ режија и филмско и ТВ снимање и филмска и ТВ монтажа кои се според ЕКТС – систем.Како  за државните така и за приватните универзитети кои се дел и функционираат во државата.

Во овој сегмент во образовниoт систем , талкаме доста долг временски период идеално време, но и под итна постпка , потребно е да се преземат чекори и да се направат целосни коренски  промени  во програмите за студирање (за кои постои квалитетен и стручен кадар)Бидејќи овој вид образование преставуваа начело на интелктуална разумност кои е  дел од образовниот процес, и за кои е битно да имаме квалитетен кадар а не квантитивен кадар.Досегашните студески програми кои се водаат по Болонска декларација или т.н. Европски кредитен трансфер систем (ЕКТС-систем) преставуваа, еден вид на ,,метафоричен паразит,, не квалитетен и застарен  систем  каде  начинот на полагање испити ( конкретно за факултетите од областа на општсвените науки ) преставуваше игри на среќа со понуди одговори под (а,б,в,г или д ) без разлика на тоа што се воведувале, доплнителни промени и измени на истиот систем.

Па поради тоа е потребна целосна трансформација, и воведување на целосна нова промена и крерирање на нов систем и нови студески програми, и за дражавните и за приватните факултети .Особено акцент ставам на факултетите  каде се изучуваат општесвените науки, каде системите  на студирање се со големи пропусти и системски грешки.Бидејќи  во повеќето Европски земји  статистички Болонската декларација – Европскиот кредитен трасфер  систем во нивниот образовен процес е целосно  исфрлан , поради не ефикасниот  и не продуктивниот, начин на студирање.Токму поради тоа треба да се ,,угледаме,, и да ги примениме навиките и новитетите од современите европски земји.И да создадаме нова ера во виско образовниот систем кои ,, ите,,  како е битен елемент, и  фактор во едукативниот процес на образованието.Затоа што иднината и припаѓа на ,,МЛАДИТЕ,,  а светот го движат младите.

А ЗЛАТНОТО ПРАВИЛО ГЛАСИ  : Образованието е  ,,проповед на слово ,, кое се стекнува од добра книга (книга во пишена форма) а домашното воспитување од дома.Па заради сето тоа да не дозволиме да се изгуби вредноста,  и значењето на постоењето на пишаниот збор како и книгата во печатена форма.Која е апсолутен извор на образовниот процес и преставуваа,  верба и глагол со суштинско  дејство на вистинска вредност.Велам од името на народот во име  на  НАРОДОТ!!!Значи за граѓаните за сите за нашите ДЕЦА,  за нивната иднина, како и за ДРЖАВАТА .Да се бориме за  иднината на образованието, бидејќи  тоа е е нашата вистинска вредност тоа е потребно, така е морално етички мудро и правдено.


Пишува: Софче Ристова, по професија Правник

НАПОМЕНА : Колумната е напишена согласно чл. 16 од Уставот и чл. 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права, со кои се овозможува правото на слобода на изразување како и правото на јавно изразување.

5

ТАГОВИ: софија ристова

Back To Top