skip to Main Content

Во 2021 година 3266 граѓани добиле примарна правна помош, а 203 секундарна правна помош

    5
Во 2021 година 3266 граѓани добиле примарна правна помош, а 203 секундарна правна помош

Министерството за правда има воспоставен план за обезбедување на ефикасен систем за бесплатна правна помош за граѓаните кои немаат доволно финансиски средства да можат да ги остварат своите права пред судовите, управните органи и другите институции.

Постоењето на ефикасен систем за бесплатна правна помош за оние коишто немаат доволно финансиски средства е важен елемент за обезбедување на ефективен пристап до правда, во согласност со Европските стандарди.

Суштината на бесплатната правна помош е во тоа што таа претставува “заштитничка” на правата и правните интереси, најчесто на немоќните, и оние граѓани кои не можат да ги сносат трошоците во постапките за остварување на своите права.

,,3266 граѓани добиле примарна правна помош  во 2021 година а 203 секундарна правна помош.За 53,7% е зголемен бројот на барања за секундарна правна помош во  2021 година во споредба со 2020 година, а примарната правна помош е зголемена за 20%. Придобивките за граѓаните се големи бидејќи успеале да добијат пристап до правдата. Со ова покажавме дека  се грижиме за ранливите категории граѓани а системот функционира “, рече Министерот за правда Никола Тупанчески.

Според бројките во Годишниот извештај за имплементација на Законот за бесплатна правна помош, објавен на web страната на Министерство за правда во 2021 година, 3.266 граѓани (1.481 биле мажи, 1.580 биле жени) имаат добиено примарна правна помош, и тоа: општ правен совет, општа правна информација и помош при составување на барање за одобрување на секундарна правна помош. Секундарната правна помош, се одобрува на лица кои имаат потреба од стручна правна помош од адвокат за конкретна правна работа, и кои не се во можност да ги платат трошоците на постапката заради нивната финансиска состојба, и чие барање е оправдано. Од поднесени 295 барања во 2021 година, секундарна правна помош била одобрена за 203 граѓани, односно им бил одобрен адвокат да ги застапува бесплатно во постапките пред судовите и органите на државната управа.

Системот на бесплатна правна помош нуди заштита на човековите права, а со тоа и ја гарантира еднаквоста меѓу луѓето во правниот поредок.

Во насока на ефикасна имплементација на Законот за бесплатна правна помош, Министерството за правда со поддршка на проектот на Совет на Европа досега се одржани повеќе обуки конференции за обезбедување на подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош.

Граѓаните  може да се информираат за правото кое државата го дава во вид на бесплатна правна помош. на веб-страницата pravnapomos.mk

Повеќе од 330 илјади луѓе се информираа за важноста, достапноста и функционирањето на системот БПП од почетокот на кампањата за подигање на свеста за Бесплатната правна помош.

Во рамките на кампањата изработени се промотивни материјали со новиот визуелен идентитет на БПП (информации, летоци, постери, банери) на македонски, албански, турски и ромски јазик, кои беа дистрибуирани до повеќе од 230 релевантни институции/ организации, со цел кампањата да допре до што е можно повеќе луѓе, особено до ранливите групи со посебен фокус на жртвите на семејно насилство, децата, Ромите и другите малцинства.
Министерот за правда, Никола Тупанчески се осврна и на реформите во правосудството.

Стратешката рамка за реформи во правосудниот сектор е воспоставена во ноември 2017 година, со усвојувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор. Следењето на имплементацијата на Стратегијата се спроведува континуирано преку Советот за следење на имплементацијата, кој во тековната година одржа една седница на 31 март по повод одбележување на денот на македонското судство.

Инсталирана е и ставена во употреба информатичко компјутерска опрема во судниците на 5 основни судови:Кавадарци, Струмица, Штип, Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје. Електронски уверенија од казнената евиденција за физички лица и правни лица  кои се достапни  на националниот портал uslugi.gov.mk.

Континуирано се преземаат активности во насока на обезбедување на оптимални услови за ефикасно вршење на судската и јавнообвинителската функција.Се залагаме за подобрување на нивниот статус и финансиска независност во општеството.

Започнува почетната обука на VIII-та генерација во Академијата на судии и јавни обвинители за едукација на кадри за судии и обвинители што претставува клуч за непрекинато функционирање на правната држава.

Законодавната агенда е заокружена со сет на закони во Собраниска постапка:
– Закон за Академија за судии и јавни обвинители
– Закон за заштита на физички лица при обработка на лични податоци за цели на спречување истрага, откривање или гонење на кривични дела;
– Закон за надомест на жртви од кривични дела;
– Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета;
– Закон за адвокатура;
– Закон за парнична постапка;

Приоритети на Министерството за правда за наредниот период се:
– Да се подготви и донесе Стратегија за правосудниот сектор за периодот 2023-2027 година.
– Закон за конфискација на имот и имотна корист;
– Закон за вонредна состојба;
– Закон за процена;
– Закон за правда на децата,
– Закон за вештачење
– Закон за помилување;

5

ТАГОВИ: граѓани легислатива правна помош

Back To Top