skip to Main Content

Владата побара дополнителни информации од институциите за увозот на нафтени деривати

    2
Владата побара дополнителни информации од институциите за увозот на нафтени деривати

Владата на вчерашната седница ги разгледа извештаите поднесени од страна на надлежните институции, поврзани со информациите за случајот со увоз на нафтени деривати и донесе одлука дека е неопходно за одредени наоди, дел од надлежните институции да достават дополнителни информации во рок од седум дена.

-Во рамки на рокот од 14 дена, по владините задолженија дадени на предлог на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, сите институции, Министерството за економија, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) и Бирото за метрологија, доставија извештаи. Извештаите содржат информации во врска со почитувањето на одредбите од Правилникот за квалитетот на течните горива, податоци за увоз на нафтени деривати во периодот 2018-2020 година,  извршени надзори од страна на инспекторатите во компаниите увозници и корисници. Но, се работи за обемна документација и по направениот пресек на досегашните добиени информации, поради што се донесе одлука дека е неопходно за одредени наоди, дел од надлежните институции да достават дополнителни информации во рок од седум дена- е наведено во владиното соопштение.

Царинската управа е дополнително задолжена, да го дополни извештајот со податоци за сите компании увозници на мазут и масло за ложење за периодот 2018-2021 година. Исто така, Царинската управата треба да достави извештај за постапување по претставки за увоз и извештај со податоци за спроведени контроли на мазут во нивната лабораторија и во акредитираните лаборатории.

Дополнително, Владата ја задолжи Царинската управа да ги споделува сите информации за влез на нафтени деривати со ДПИ, со цел поефикасно спроведување на надлежностите.

По извршените анализи на досегашните информации, пак, Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси и Министерството за економија, заедно со Царинската управа, ДПИ и ДИЖС, да направат сублимат и да го достават на следната владина седница на која ќе се донесат соодветни заклучоци за понатамошно постапување, велат од Владата.

2

ТАГОВИ: нафтени деривати Царинска управа

Back To Top