skip to Main Content

Вкрстено испрашување на „Монструм“

    4
Вкрстено испрашување на „Монструм“

На судското рочиште „Монструм“, кое е закажано за денес треба вкрстено да бидат испрашувани балистичари.

Вешти лица од Институтот за судска медицина на минатото рочиште кажаа дека сите повреди на жртвите им биле нанесени додека биле живи и во нив било пукано од релативна близина. Сите тела, како што рече тој, биле поставени во еден правец, односно со нозете кон копното.

Семејствата на убиените момчиња и рибарот не присуствуваат на рочиштата бидејќи, како што претходно истакнаа, тоа е многу болно за нив и не ќе може да ги следат исказите.
Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и сè уште се наоѓа во доказна постапка.
За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.
4

ТАГОВИ: „Монструм“ вкрстено испрашување

Back To Top