skip to Main Content

(Видео) Од денеска граѓаните може да комуницираат за 0 денари во роаминг

    4
(Видео) Од денеска граѓаните може да комуницираат за 0 денари во роаминг

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и генералната секретарка на Советот за регионална соработка во рамките на Берлинскиот процес Мајлинда Брегу, денеска во Охрид, на маргините на настанот Преспа форум дијалог испратија порака по повод укинувањето на роаминг тарифите помеѓу шест земји на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

Премиерот Заев рече дека од денеска нашите граѓани можат да комуницираат за 0 денари во роаминг.

-Ова е пораката којашто заедно со селфи ја испративме со Мајлинда Брегу на нашите пријатели во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, и Црна Гора- рече Заев.

-Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите наши граѓани ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони да зборуваат, да испраќаат пораки и да користат интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци. Ја остваривме идејата која ја договоривме во 2019 година за да го олесниме поврзувањето меѓу нашите граѓани, меѓу бизнисмените, академската заедница и младите  и да го забрзаме напредокот кон поврзување на регионот. Ова е наш заеднички успех и здружување на иницијативите за подобри услуги за нашите граѓани и за забрзување на економскиот напредок на регионот. Со ова сме чекор поблиску до приклучување кон концептот “Роаминг како дома”  со земјите од Европската Унија-рече Заев.

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу во својата порака на оваа заедничка промоција за 0 роаминг меѓу земјите на Западен Балкан со премиерот Заев истакна:

-Да, денеска е историски ден, ние сме во роаминг фри зона за сите држави од Западен Балкан. РСС одигра важна улога во овој процес, но немаше да ја постигнеме целта без лидерите од регионот, нивната посветеност и соработка, заедно со партнерството од Европската Комисија. Од овој ден, ги избришавме границите, бариерите и тарифите на нашите мобилни телефони. Како што истакна и премиерот Заев, следен предизвик ни е да ги започнеме разговорите со Европската Унија и да ги намалиме цените во роаминг помеѓу Западен Балкан и ЕУ- заклучи Брегу.

4

ТАГОВИ: Западен балкан роаминг

Back To Top