skip to Main Content

Верушевски: Црвенковски имаше „бомби“, ама не ги искористи

    11
Верушевски: Црвенковски имаше „бомби“, ама не ги искористи

Поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски кој денеска сведочеше на рочиштето за случајот „Таргет и Тврдина“ изјави дека не само Зоран Заев, туку и Бранко Црвенковски имал увид во документацијата, односно „бомбите“.

-Црвенковски и Заев во цело време на нивното лидерство имаа увид во документацијата. Стратешка одлука беше на Црвенковски како ќе ја користи, а потоа и на Заев- рече денеска Верушевски.

На прашањето на обвинителот дали преку него бомбите завршувале во СДСМ, тој посочува дека најчесто документацијата доаѓала од други структури, а тој не одговори ниту директно дали Ѓорѓи Лазаревски нему му ги предавал бомбите, а потоа тој во партијата.

Во предметот со кодно име „Таргет-Тврдина“, отворен од СЈО, обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Никола Бошкоски, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица.

Според обвинението биле следени над 20.000 граѓани во перидот од 2008 до 2015 година и над 4.000 телфонски броеви без судски налог.

На наредното рочиште закажано за 10 октомври одбраната треба вкрстено да го испрашува Верушевски.

11

ТАГОВИ: Зоран Верушевски Таргет и Тврдина

Back To Top