skip to Main Content

ВИДЕО: Политички панел за канабис- Секоја полнолетна личност да одлучи дали ќе ужива во канабисот или не, без притоа да отслужи казна затвор

    41
ВИДЕО: Политички панел за канабис- Секоја полнолетна личност да одлучи дали ќе ужива во канабисот или не, без притоа да отслужи казна затвор

Во организација на невладиното граѓанско здружение „Билка“, кое се залага за декриминализација и легализација на канабисот, синоќа во Универзална сала се одржа првиот дел на Македонскиот канабис форум, кој поради пандемијата беше во онлајн формат.

На Политичкиот панел учество зедоа: Коста Петров од СДСМ, Моника Зајкова од ЛДП, Маја Морачанин од ДОМ и Хектан Реџеп Исмаил од политичката партија Левица.

Прва го отвори подиумот пратеничката, наедно и претседател на ДОМ, Маја Морачанин, кој говореше дека уште пред две години во изборната програма на ДОМ ја јакнеле декриминализацијата на канабисот и смета дека треба да на направат измени во Кривичниот законик.

Како зелена партија ние ја поддржуваме иницијативата за декриминализација на кабанисот за лична употреба. Нашиот став е дека секоја, возрасна, полнолетна личност има право на избор дали ќе употребува или нема да употребува канабис. Сè повеќе има студии кои практично ги докажуваат погодностите во однос на медицинскиот третман со канабис препарати, а на тој начин добиваме сознанија дека канабисот иако се сместува во таа група на психоактивни сипстанци, не може да се третира исто како останатите од таа група. Досега во светот не е потврден ниту еден смртен случај од предозирање со канабис. Таа појава е масовно присутна во светот, и е неопходно е да се регулира, бидејќи на овој начин со криминализирање не се постигнува ефект на намалување на употреба. Имаме сознанија за позитивните ефекти на канабисот, особено во употребата на медицинските цели, а од друга страна има и економски бенефит од производството на канабис. Во пракса гледаме дека луѓето кои консумираат канабис за лична употреба се соочуваат со затворски казни, тоа се врзува со намера за продажба, а тоа е беспредметно доколку полнолетно лице одлучило да ужива канабис, дека треба поради тоа да издржува затворска казна. Така што мислам дека може да се направат измени во Кривичниот законик и да се прецизира што значи лична употреба, а што намера за продажба итн. Во ниту една земја на ЕУ не е легализирана употребата на канабис, но тендензијата по последните 2о години да се декриминализира и депенализира, значи да не се казнува дури ниту со парична казна – рече Морачанин.

 

По Морачаниин, говореше пратеничката Моника Зајкова и потпретседател на политичката партија ЛДП, која истакна дека уште од 2003 година легализацијата им е во програма и дека активно работат на тоа поле.

-Ме радува што се повеќе политички чинители се отвораат и ги делат ставовите со здруженијата и нашиот став на ЛДП, а тоа е дека ни е потребна итна декриминализација на канабисот, а потоа да се најде соответен модел на легализација. Апсурдно е кривично да се гонат лицата кои консумираат канабис рекреативно, односно за лична употреба. Не смееме повеќе да бидеме неми за третманот на овие лица, значи не може дозволуваме само затоа што законодавецот кој не ја ни одредил количината за лична употреба, да дозволиме лицата коишто го за лична употреба го користат канабисот, да бидат претресувани, омаловажувани, малтретирани и стигматизирани. Затоа сметам дека е потреба итна декриминализација на канабисот, и дека полека се отвора можноста овој концепт да стане реалност. Жал ми е што треба да се објаснуваме што е декриминализаија, а што легализација. Декриминализацијата е неказнување на уживателот на канабис, доколку биде фатен со одредена количнина, јас би одела дури и тие да не бидат казнувани прекршочно. Додека легализацијата опфаќа еден цел систем и низа регулативи, којшто државата треба да ги спроведе за да го легализира канабисот. Знаеме дека штетни ефекти нема, тоа може да се види од истражувањата на поголем број земји, коишто имаат либерален пристап, како што е Канада, која ја препознала моѓноста да ја спречи црната економија на начин што го легализирала канабисот. Треба веќе да почнеме да размислуваме за лек специјалис, односно посебно законско решение за легализација на канабисот, којшто ќе нуди една цела правна рамка во оваа област – истакна Зајкова.

Коста Петров, потпретседател на СДСМ, истакна дека со добра политичка волја и фокус на едукација можат да се видат здравствениот, но и економскиот аспект од декриминализирањето и легализирањето на канабисот.

-Овој форум е доказ нашето општество се менува, се демократизира, претставици на политички партии зборуваат за тема, која за многумина е табу. Дискусијата е првиот чекор, да седнеме да разговараме, да споделиме идеи, да ги видиме вашите барања, да го разгледаме правниот систем, да ја дефинираме рамката по која ќе работиме, во кој правец ќе се движиме. Од здравствен аспект канабисот во многу држави се користи во здравствени цели, втора работа е човечки аспект, многумина се маргинализирани, осудени, не можат да извадат потврда за неосудуваност поради мала количина канабис и тоа треба да го промениме. Легализирањето и декриминализацијата на канабисот, носи економски бенефити, кој никој не може да ги порече, истакна Петров, наведувајќи ја како пример Канада, каде легализацијата на канабисот во првата година донесе приход од 8,4 милијарди во БДП, вработени 10 илјади луѓе и го намали црниот пазар.

 

Хектан Реџеп Исмаил, членот на президиумот на Левица истакна дека криминализацијата на канабисот се користи за стигматизација на населението и политички прогон.

-Треба да се постави прашањето зошто досега не е декриминализиран канабисот. Како политичка партија имаме неколку причини зошто не се декриминализира и легализира канабисот, за кој долги години предупредуваат невладините огранизации како што е „Билка“ и ред други. Мислам дека тука има една многу важна работа, каде што власта можноста од ваква  нејасна регулатива ја користи за политички прогон, кривично се гонат луѓе за уживање на канабисто и тоа во многу мали колични. Праксата на МВР говори дека не сите луѓе се гонат кривично, некои се ослободуваат, некои поминуваат полесно, одредени луѓе се гонат кривично, а тоа зависат од тоа колку си политички подобен на гарнитурата што е на власт. И тука се прави еден политички прогон на политичките неистомисленици, ние во партијата имаме мал милион такви случаи, но затоа потоа, не е време тука. Важен аспект зошто ова не е регулирано досега е црниот кеш, којшто власта го користи од црниот пазар, а тоа е политички поткуп се прави со црни пари, како што се прави секаде во светот, па и кај нас. А политички поткуп видовме дека има многу во Македонија, а тоа им одговара на политичките елити, кадешто имаат можност да имаат кеш пари, кои ќе ги користат за уцени, притисоци и политички дилови. Политичките партии ја користат сигматизацијата на населението во однос на користењето на канабисот, отколку да ги образоваат луѓето – вели Хектан Реџеп Исмаил од Левица.

За денес попладне најавен е вториот дел на Македонскиот кабанис форум, кој се состои од два панела, првиот Бизнис панел, на кој ќе говорат Златко Кескоски, Драган Лазаров, Филип Аврамчев и Костадин Дуковски. Додека на вториот панел за Човекови права, ќе земат учество Натали Петровска, Наташа Бошкова, Јасмина Голубовска, Игор Јадровски и Бојан Петровски.

41

ТАГОВИ: билка македонски канабис форум политички панел

Back To Top