Апсењa во Штип – фатени две лица со марихуана и кокаин

Вчера на 01.06.2021 година во 14.40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода В.Љ.(37) и З.Ч.(34), двајцата од Штип.
-При преглед во возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Љ., а сопатник бил З.Ч., била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја, велат до МВР.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
7