skip to Main Content

Ѓоко Поповски повторно осуден на девет години

    4
Ѓоко Поповски повторно осуден на девет години

Судијката Добрила Кацарска и на повтореното судење, поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски го осуди на 9 години затвор. Тој со оваа пресуда на Кривичниот суд е виновен за набавката на 300 возила за МВР.

Поповски има право на жалба до второстепениот суд, односно Апелациониот суд.

Судијката Кацарска првично на Поповски му пресуди 9 години затворска казна. Пресудата ја донесе лани во мај, седум месеци подоцна скопска Апелација предметот го врати на повторно судење.

Случајот „Триста“ беше под закрила на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а годинава пред втората пресуда го презеде редовното Обвинителство.

Според обвинението, со оваа набавка буџетот бил оштетен за 453.570 евра.

4

ТАГОВИ: Апелација ѓоко поповски

Back To Top