skip to Main Content

Tаткото на Боки 13 осуден на казна затвор од шест месеци

    4
Tаткото на Боки 13 осуден на казна затвор од шест месеци

Шест месеци ефективна казна затвор доби таткото на Боки 13, Миле Јовановски, за  физички напад на свештеникот Виктор Стојчев.

Јовановски на минатото рочиште ја призна вината. Свештеникот Стојчев може да бара отштета во граѓанска постапка.

Јовановски го нападнал попот и од ударите му го скршил зглобот од левата нога.

Јовановски беше обвинет за кривичното дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот законик, за што казната е од 6 месеци до 5 години затвор, исто така, осомничен е за перење пари со хуманитарната организација Меѓународен сојуз.

4

ТАГОВИ: миле јовановски пот пресметка судење татко

Back To Top