skip to Main Content

Новиот Закон за енергетика ќе резултира со намалување на цената и за домаќинствата и за правните лица

    1
Новиот Закон за енергетика ќе резултира со намалување на цената и за домаќинствата и за правните лица

Со Предлог-законот за енергетика се врши усогласување со законодавството на ЕУ, со цел да има пренос и диструбуција на електрична енергија за сите.

– Целта на овој закон е и да се заштитат правата на потрошувачите на електрична енергија и на потрошувачите кои не се заштитени. Целта е да имаме ефикасен енергетски сектор кој ќе биде конкурентен и финансиски одржлив. Се предвидува и либерализација на производството и снабдувањето со електрична енергија. Со овој закон се предвидува да се зајакне регионалната соработка во сферата на енергетиката и ќе има потполна либерализација на пазарите за електрична енергија и на природниот гас- рече во образложението на предлогот министерот за економија Крешник Бектеши.

Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, законот за енергетика обезбедува конкурентност. Ќе се постигне, како што оцени избалансираност на состојбата во конкурентска игра, која ќе резултира со намалување на цената и за домаќинствата и за правните лица. Домашното производство на електрична енергија ќе биде насочено кон граѓаните, особено од најранливите групи, за да бидат заштитени од покачување на цените на струјата.

– Ангажираната моќност која што беше 33 проценти во сметките на граѓаните и сега ја нема, меѓутоа е претопена во цената на електричната енергија. За фирмите тоа е тн. фамозен максиграф кој што ги оптоварува. Со либерализацијата на пазарот на електрична енергија максиграф повеќе нема. Тие влегуваат во балансна група и со други зборови цената се намалува. Со Законот се разграничува сопственоста на енергетските компании во сопственост на државата: ЕЛЕМ останува под ингеренции на Владата, МЕПСО под Министерството за транспорт и врски, додека МЕР е под надлежност на Министерството за економија, со што се децентрализира надлежноста на Владата и се дисперзираат надлежностите над енергетските компании на повеќе државни органи- рече Анѓушев.

Тој наведе и дека Регулаторната комисија за енергетика досега не решила ниту еден проблем на граѓаните, иако нејзината работа е да ги брани од неоснованите трошоци што им ги наметнуваат операторите на системите, како што е операторот со дистрибутивниот систем. Вицепремиерот подвлече дека со Законот за енергетика се овозможува зголемување на учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електрична енергија, при што Владата ќе работи да ги искористи сите расположливи потенцијали за производство на електрична енергија од сонце, ветер и вода.

1

ТАГОВИ: закон за енергетика

Back To Top