skip to Main Content

Шест години казна затвор за Сеад Кочан

    9
Шест години казна затвор за Сеад Кочан

Во кривичниот суд денеска беше објавена пресудата за обвинетите во предметот „Труст“, Сеад Кочан доби шест години казна затвор и забрана да биде управител и одговорно лице три години.

Василије Авировиќ, кој не дојде на изрекување на пресудата со образложение дека не се чувствувал добро, за истото дело е осуден на три години затвор. Третообвинетиот Сафет Ватиќ се ослободува од вина.

На минатото рочиште обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ пред Судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат.


Истрагата за предметот со кодно име „Труст“ беше отворена на ден 28.02.2017 година, а на ден 29.06.2017 година е поднесен обвинителен акт против 3 лица за кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот законик на Република Македонија, и обвинителен предлог против 3 правни лица за кривичното дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот законик на Република Македонија.

 

Правните лица, „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“, се казнети со парична казна од по 2 милиони денари и забрана да учествуваат тендери три години. Ќе им се конфискува имот во вредност на тендерот од 17 милиони евра.

СЈО одлучи за третообвинетиот, во овој случај Сафет Васиќ, да го повлече обвинението за неговата фирма „Вато“ ДОО Студеничани.


 

9

ТАГОВИ: казна затвор Сеад Кочан

Back To Top