skip to Main Content

Царовска: Македонија активно работи на воспоставување родова еднаквост

    6
Царовска: Македонија активно работи на воспоставување родова еднаквост

Македонија работи активно на постигнување на родовата еднаквост и заштитата од дискриминација. Развиваме Национален индекс за родова еднаквост, во кој ќе биде вклучен индикатор за мерење на родовата рамноправност со кој пак ќе се прави споредба со ЕУ и нејзините земји-членки. Исто така со воспоставувањето е – обуки на цела администрација и воведувањето родово одговорно буџетирање ќе се направи механизам со кој родовата рамноправност нема да се гледа како изолирано прашање, туку како дел од сите национални политики кои се носат во државата.

Ова, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, го истакнала ресорната министерка Мила Царовска на неформалниот министерски состанок во Виена посветен на родовата еднаквост, во организација на австриското претседателство на Советот на ЕУ, а на кој присуствувале ресорните министри од земјите на ЕУ28, ЕФТА и Западен Балкан.

Министрите дискутирале за прашањето Како дигитализацијата придонесува за еднакво граѓанско и политичко учество на девојчињата и момчињата?

На состанокот министерката Царовска се сретнала со австриската федерална министерка за жени, семејство и млади, Жулиен Богнер Штраус, како и со директорката на Швајцарската федерална канцеларија за родова еднаквост, Силви Дурер. На средбата била договорена понатамошна соработка.

Средби на Царовска во Виена

-Напредокот во родовата еднаквост се гледа и од статистичките податоци. Во Македонија според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година од вкупниот број на корисници на интернет 48,7 отсто биле жени и 51,3 отсто мажи, овој број во 2017 година се зголемил за 76,8 отсто за жени и 81 отсто за мажи. Расте и свесноста на девојчињата и жените за школување. Тоа го покажуваат и бројките на застапеност на девојчињата во високото образование со 31 отсто наспроти бројот на момчиња 22 отсто. Додека пак бројот на девојчиња кои дипломирале на природните математички науки е поголем од бројот на мажи (2.8 отсто во 2016 година девојчиња наспроти 1.8 отсто во 2016 година момчиња). Додека пак во техничките науки, бројот на дипломирани жени (5,07 отсто во 2016 година) е помал од бројот на дипломирани студенти момчиња (8,2 отсто во 2016 година), информираат од Министерството за труд и социјална политика.

6

ТАГОВИ: родова еднаквост Царовска

Back To Top