skip to Main Content

Царовска: Законот за практиканство нуди нови можности за вработување на младите

    5
Царовска: Законот за практиканство нуди нови можности за вработување на младите

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска вчера говореше на панел дискусија посветена на „Недостатокот на квалитетна работна сила и за иновациите во индустриите“, на Балканскиот претприемачки самит што се одржува во Скопје.

Министерката Царовска потенцираше дека младите се иднината на државата и токму секој од нас е должен да вложува во нив, во нивно обрзование, во услови за напредок и да создава политики коишто ќе дадат силни ефекти врз намалувањето на невработеноста и иселувањето.

-Годинава за прв пат имаме Оперативен план со активни мерки за вработување за кој што издвоивме рекордни 1,1 милијарда денари. Ова е највисок износ досега, три пати повисок во споредба со 2014 година. Навистина ми е драго што овој план го изработивме со заеднички сили со бизнис секторот и целосно е прилагоден на потребите на пазарот на трудот. Ваквата пракаса ќе ја следиме и за идниот ОП за 2020 година, бидејќи само преку дијалог којшто ќе го спуштиме на локално ниво ќе можеме да креираме мерки кои ќе бидат добри за сите- рече Царовска.

Министерката истакна дека со новите законски решенија како што е Законот за практиканство, но и со Младинската гранција којашто е дел од оперативниот план се создаваат нови можности за вработување на младите и премостување на јазот што се создава од завршувањње на образованието до работното ангажирање.

-Република Северна Македонија е единствената земја којашто не е членка на ЕУ, а ја има Гаранцијата за млади. Во моментот ја спроведуваме во три региони Североисточен, Југозападен и Полошки региони и ги надмина нашите очекувања. Годинава планираниот опфат беше 9.500 млади, а досега се пријавени 13.363 млади лица, од кои 33,3% се вработија во првите 4 месеци. Ова не охрабрува од идната година мерката да ја прошириме на територијата на цела држава- рече Царовска.

Царовска рече дека и дуалното образование е еден од процесите да создадеме млади лица кои знаат што сакаат да работат и како да го прават тоа. На овој начин им се овозможуваме сигурен влез на пазарот на трудот и шанса за професинален развој, а на работодавците се нудиме подготвен кадар, кој може веднаш да почне да работи.

Самитот е во организација на Стопанската комора на Македонија и центарот за неформално образование Creative Hub, што се одржува во Скопје. На самитот говорат најуспешните кои годинава се најдоа на листата на „Форбс под 30“, од регионот, но и претставници од бизнис заедницата, како и креаторите на деловните политики, а теми кои ќе се наметнат се инвестициските трендови, трендови во дигиталниот маркетинг, недостатокот на квалитетна работна сила и за иновациите во индустриите.

5

ТАГОВИ: закон за практиканство мерки за вработување Царовска

Back To Top