skip to Main Content

Хелшински поднесе пријава за ширење говор на омраза против Сулејман Реџепи

    6
Хелшински поднесе пријава за ширење говор на омраза против Сулејман Реџепи

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за ширење говор на омраза од страна на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.

-За време на церемонијата на поставување камен темелник на џамијата во скопското село Арнакија, реисот Реџепи се обрати до присутните верници со зборови кои предизвикуваат омраза, раздор, нетрпеливост и исмејување на македонскиот народ – исполнувајќи ги битијата опишани во член 319 и 179 од Кривичниот Законик- наведуваат на фејсбук пејџот од Хелшински.

Користењето говор на омраза од страна на вршител на висока верска функција и човек со големо влијание во јавноста е особено опасно и недозволиво. Во една мултиетничка и мултиконфесионална држава, верските лидери треба да се свесни за својата улога и да дејствуваат во духот на толеранцијата и соживотот, а не да иницираат и разгоруваат нетрпеливост и омраза.

Од тие причини, Хелшинскиот комитет побара од МВР веднаш да постапи по оваа пријава и да ги преземе сите мерки согласно законските прописи.

6

ТАГОВИ: говор на омраза пријава Хелшински комитет

Back To Top