skip to Main Content

Формирана е привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности

    2
Формирана е привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности

Настаните поврзани со претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 15 јули 2020 година, се од општ интерес на јавноста, па оттука, формирана е комисија која проактивно ќе ги следи настаните, во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија и превентивно делување.

За претседател на Комисијата е определен Џељаљ Бајрами, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Членови на комисијата се јавни обвинители од вишите јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство Скопје.

Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите настани од државата поврзани со процесот на организирање и спроведување на изборите. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да преземат дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ги повикува граѓанските организации, политичките партии, домашните и меѓународни институции и сите лица кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок/пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности на електронската адреса izbori@jorm.mk.

2

ТАГОВИ: избори комисија нерегуларности

Back To Top