skip to Main Content

Финансиска полиција со кривична пријава против директорот на МРТВ

    3
Финансиска полиција со кривична пријава против директорот на МРТВ

Управата за финансиска полиција поднела три кривични пријави до надлежните обвинителства. Првата е против директор на МРТВ М.Ц., кој во текот на 2015 година ја злоупотребил службена должност и овластување со тоа што земал кредит од банка во износ од околу 140 милиони денари, а притоа склучил договор за залог на имотот на претпријатието во вредност од над 294 милиони денари без да добие согласност од Собранието. Имотот, како што соопштија од финасиската полиција бил околу 154 милиони денари поголем од вредноста на кредитот. Во оваа кривина пријава е опфатен и нотарката З.П.

Втората пријава е против вршител на должност, претседател на Управен одбор на Те-То АД Скопје, В.М. кој во 2018 година го пречекорил своето службено овластување, бидејќи без дозвола поднел барање за стечај за реорганизација на компанијата и со тоа се нанела штета на Топлификација АД Скопје од над 721 милион денари. Во оваа кривична пријава опфатени се С.Т. во својство на стечаен управник, која ја водела стечајната постапка. како и третопријавената Ц.Ц. во својство на нотар.

Третата кривична пријава е поднесена за вршител на должност, директот на Институтот за јавно здравје Ш.М. со тоа што од 2010 до 2017 не преземал мерки за наплата на побарувањата по основ на извршени услуги и фактури. Со тоа, директорот овозможил да застарат долговите во износ од речиси 41 милиони денари. Во оваа кривична пријава опфатени се и лицата В.С. во својство на раководител на Секторот за логистика и З.Б. во својоство на Референт за наплата на побарувања

Управата за финансиска полиција до надлежните јавни обвинителства, како што информираше нејзиниот директор Арафат Муареми, досега поднела 28 кривични пријави против 51 физичко лице и 28 правни субјекти за сторени 48 кривични дела кои го оштетиле буџетот од над 8 милијарди денари.

 

3

ТАГОВИ: кривична

Back To Top