skip to Main Content

Фетаи: Место Милошоски да спрема одбрана, тој дели правни совети

    8
Фетаи: Место Милошоски да спрема одбрана, тој дели правни совети

Непосредно пред судењето на предметот „Монструм“, поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи, пред Основниот кривичен суд во Скопје, даде изјава за медиумите, во која го предупреди пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

-Има истраги кои се готови, спремни за обвиненија. Конкретно зборувам за „Моќник“ и осомниченото лице Антонио Милошоски, кој место да си спрема одбрана за во судница, доколку се разбира ни беа поделени предметите, тој излегува по медиуми и дели правни совети – рече Фетаи.

Обвинителката се пожали дека предмети кои се отворени во СЈО стојат и се чуваат во кутии, а обвинителите оттаму станале архивари и магацинери.

-Наместо да работиме на истрагите кои претходно ги отворивме во СЈО ние станавме архивари и магационери, бидејќи овие предмети сега се чуваат во кутии во зградата на специјалното јавно обвинителство- беше децидна Фетаи.

8

ТАГОВИ: антонио милошоски Моќник судење Фетаи

Back To Top