skip to Main Content

Усмртен пешак на булевар „Србија“

    4
Усмртен пешак на булевар „Србија“

На булеварот „Србија“ во Скопје утрово настанала трагична сообраќајна несреќа во која животот го загубил 61-годишен скопјанец, информира МВР.

Како што информираат од МВР, во близина на железничкиот мост, камион марка „ман“ со приколка и скопска регистрација, удрил во 61-годишен пешак кој починал на местото на настанот. Од полицијата утврдиле дека со камионот управувал 40-годишен велешанец.

По несреќата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

4

ТАГОВИ: МВР пешак сообраќајка

Back To Top